IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 25.11.2017 || Budweiser ќе испраќа јачмен во вселената  |  Весел почеток на соработката меѓу „Вела“ и „Орбико“  |  Пораст на е-продажбата на dm  |  „Карфур“ лансира одржлива приватна трговска марка  |  Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |   ||
   

Македонија: Едно капаче – Една надеж +

08.11.2017

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување  „Пакомак", спроведе голема хуманитарно-еколошка акција „Едно Капаче – Една Надеж+".

 

Целта на акцијата, која била реализирана со здружени сили со Министерството за животна средина и просторно планирање и со компанијата за рециклирање  „СНС Ре-пласт", била да се надминат проблемите со транспортот, складирањето и рециклирањето на собраните пластични капачиња наменети за рециклирање, како и да се најде решение за акцијата широко да се распространи.

 

„Пакомак" се погрижи за преземањето и транспортот на собраните капачиња, а „СНС Ре-пласт" ќе ги преземе и ќе ги рециклира капачињата, соопштуваат компаниите. За сметка на собраните капачиња, биле донирани три инвалидски колички во Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања".

За една инвалидска количка потребно е да се рециклираат 350.000 капачиња и „Пакомак" повикува акцијата да продолжи и граѓаните да се вклучат во селектирањето на пластичните капачиња: Сите што имаат собрано капачиња и чекаат да бидат преземени, како и новособраните, треба да ја пријават локацијата и лице за контакт на фејсбук-страницата Едно капаче - Една надеж + и на www.moepp.gov.mk.


Назад
 

 
 
 
back to top