IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 24.09.2018 || Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |   ||
   

САД: „Џенерал Милс“ го презема „Блу Бафало“ за 8 милијарди долари

27.02.2018

„Џенерал Милс", производителот на сладоледите Häagen-Dazs и на житарките Cheerios, постигна договор со производителот на храна за домашни миленици „Блу Бафало", во вредност од 8 милијарди долари.

Компанијата со седиште во Минеаполис за акција на „Блу Бафало" ќе плати 40 долари.

Одлуката за преземање на производителот на храна за домашни миленици, која е е богата со антиоксиданси, се вклопува во актуелниот тренд меѓу глобалните прехранбени гиганти, кои сè почесто се решаваат за аквизиција со помалите производители на природни и на органски производи.

Вредноста на акциите на компанијата „Блу Бафало", со седиште во државата Конектикат, минатата година се зголемила за 17%. Во претходните три години, компанијата остварила пораст на нето-продажбата за 12%, а во 2017 година, приходот достигнал до 1,3 милијарди долари.

„Џенерал Милс" е една од неколкуте глобални прехранбени компании, која се фокусира и на пазарот на производи за домашни миленици, чија вредност во САД се проценува на 30 милијарди долари.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top