IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 22.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Македонија: Две македонски компании на „Фуд експо“ во Атина

12.03.2018

Компаниите „Ларс" од Штип и „Аграр Ко" од Кочани се двете македонски компании што се претставија со свои производи на годинашното издание на меѓународниот саем на храна и пијалаци „Фуд експо", што се одржува еднаш годишно во Атина, Грција.

За компанијата „Ларс" и за брендот Перустија ова е прво претставување на „Фуд експо". Според Софија Митевска, претставничка на компанијата на саемот, како што пренесува агенцијата МИА, учеството на саемот е добра можност да се претстават со палетата премиум производи - ајвари, природни сокови, салца иџемовите без шеќер.

Немаме извоз во Грција, затоа сме дојдени тука, за да ги дегустираат нашите производи. Најбитно ни е да го пробаат нашиот премиум бренд - брендот Перусија, којшто е интересен, така што мислам дека ќе има интерес, вели Митевска.

За „Аграр Ко" од Кочани ова е трето претставување на саемот и веќе имаат деловна соработка со фирми од Грција, каде што извезуваат полуготови и готови производи од зеленчук.

Ние веќе работиме во Грција како пазар, производите се препознатливи по квалитетот, имаме успешна соработка, имаме доста грчки клиенти, голем дел од нив преработувачи, вели Јасна Стојмировска-Величков, основач на компанијата.

„Фуд експо", кој важи за водечки саем на храна и пијалаци во Југоисточна Европа, пролетва се одржува на површина од 50.000 квадратни метри, со учество на 1.200 излагачи, а се очекува да го посетат околу 70.000 професионални посетители од 64 земји.

Претставувањето на саемот е можност за претставување пред професионалци од трговијата со стоки за широка потрошувачка од грција и од поширокиот медитерански регион: потенцијални купувачи од грчките и од меѓународните синџири супермаркети и хипермаркети, дисконтери, малопродажни трговци, како и увозници и трговци на големо со храна и пијалаци.


Назад
 
 
 
 
back to top