IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 15.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Црна Гора: „Домаќа трговина“ со ново место за пазарење

16.04.2018
Компанијата „Домаќа трговина" го отвори новиот трговски центар „Арома" во населбата Долна Горица во Подгорица.

На површина од 1.300 м² трговскиот синџир ќе понуди многубројни содржини, како аптека, кладилница, книжарница и пицерија, а во негови рамки ќе работи и маркетот „Арома" кој се простира на 500 м².

Со препознатливиот топол амбиент и најсовремена опрема, „Арома" на своите потрошувачи ќе им понуди асортиман од 10.000 производи од домашни и странски производители, а тука е и домашната трговска марка Montella. Воедно, на потрошувачите ќе им бидат достапни и органски , безглутенски и други производи од линијата BioDar, соопштија од компанијата.

Трговскиот центар се наоѓа на атрактивна локација на Цетињскиот пат, а пред објектот обезбедени се 60 паркинг-места.



Назад
 
 
 
 
back to top