IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 17.11.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија: „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст

02.11.2018
Дрогеријата „ дм дрогерие маркт" забележа раст на прометот во Македонија од 27,9 во деловната 2017/2018 година. Тоа е еднакво на вкупен промет од над 717 милиони денари. На европскиот пазар, пак, групацијата има рекорден промет од 10,7 милијарди евра и раст од 4,3 отсто. 

Двоцифрениот раст во изминатата деловна година е резултат на континуирана посветеност, во едно динамично и сѐ повеќе дигитализирано општество, постојано да ги следиме и брзо да реагираме на потребите на нашите потрошувачи. Во фокус на нашето работење е задоволување на потрошувачките потреби со обезбедување најкомпетентна понуда на асортиман, квалитетна услуга и што попријатна атмосфера во продажните објекти. Показател дека потрошувачите го препознаваат нашиот труд се извршените 1,7 милион пазарувања во продажните објекти во „ дм дрогерие маркт" Македонија во изминатата година, рече Весна Стојановиќ, директор на „ дм дрогерие маркт" во Македонија и во Србија. 

Изминатата деловна година „дм дрогерие маркт" во Македонија инвестира речиси 29 милиони денари – за нов објект во Штип и модернизација на три веќе постојни продажни објекти. 

„Дм дрогерие маркт" на македонскиот пазар нуди повеќе од 13.000 производи, од кои 650 се од домашни произведувачи. 



Назад
 
 
 
 
back to top