IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 15.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија/Русија: Дегустација на вината на „Стоби“ во Москва

26.02.2018

Посетителите на саемот „Продекспо 2018", што се одржа во Москва од 11 до 15 февруари, имаа можност да ги дегустираат вината на винарницата „Стоби" од Градско, на екслузивен настан организиран во соработка со долгогодишниот дистрибутер на вината „Стоби" на рускиот пазар, компанијата „Браво трејд".

 

Вината на „Стоби" се присутни на рускиот пазар веќе подолго време, како бренд од каталогот на руската дистрибутивна компанија „Браво трејд".

Како што информираат од винарницата, на настанот присуствувале повеќе од 70 гости, бизнис-партнери и клиенти клиенти на „Браво трејд", кои имале можност да ги дегустираат вината на „Стоби" од ексклузивната линија „Приватна резерва", послужени со деликатесна храна и програма од разновидни перформанси.

Станува збор за навистина голем пазар кој е тешко да се освои, а во што ние успеваме веќе подолго време. На овој пазар, како и на сите други пазари каде што сме присутни, нудиме производи со издржан квалитет кои се соодветни на барањата и вкусот на купувачите, вели Ана Јорданова, сопственичка на винарницата „Стоби".

„Продекспо" годинава се одржа по 26 пат, на површина од околу 100.000 квадратни метри, на која се претставија 2.342 компании од 63 земји од светот.


Назад
 
 
 
 
back to top