IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 27.04.2017 || Две недели до трговскиот настан на годината  |  „Лента“ ги објави резултатите од првиот квартал  |  Подобар дизајн на пакувањето за поголема конкурентност  |  Врвни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Производите на „Подравка“ на катарските полици  |  „КМВ“ ја купи партнерската компанија на „Пепсико“ во Бугарија  |  „Меркатор“ заинтересиран за големите центри на „Конзум“ во БИХ  |  Пораст на продажбата на „Теско“  |  „Монделез“ инвестира во четири производствени линии  |  Х5 потпишува договор со Центросојузот  |  Потврдени сертификатите за добра производна практика на „Алкалоид“  |  Уништено неисправно пилешко месо од Бразил  |  „Империал тобако ТКС“ одбележува 15-годишен јубилеј  |  „Пепсико“ ќе поддржи осум неконвенционални брендови  |  „Лидл“ - Хрватска ќе издава извештаи за прехранбените производи  |  Виното на „Рубин“ најдобро на српскиот пазар  |  Еминентни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Зголемен прометот во индустријата во февруари   |  „Волмарт“ укинува корпоративни работни места  |  Словенечката влада го усвои „Лекс Меркатор“  |   ||
   

Македонија: Деловни тенденции во преработувачката индустрија

16.03.2017

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари е за 0,5 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

Во споредба со истиот месец минатата година, индикаторот е зголемен за 2,7 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со нарачки во февруари во споредба со јануари е понеповолна, а очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни. Залихите на готови производи се намалени во однос на јануари.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари е понеповолна во однос на јануари, но е поповолна во однос на февруари минатата година. Бројот на вработени се проценува дека ќе остане речиси ист.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари изнесувало 65,1 процент од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 21,8 проценти, недоволната домашна побарувачка со 19,9 отсто и недостигот на квалификувана работна сила со 18,3 отсто.


Назад
 


 
 
 
back to top