IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 13.12.2017 || „Марс“ е малцински сопственик на „Кајнд“  |  Аqua Viva со две глобални признанија  |  АХВ: Не се увезени небезбедни производи на „Лакталис“  |  „Хајнекен“ гради фабрика од 85 милиони евра  |  Храната за доенчиња Celia Expert 2 повлечена од пазарот  |  „Гомекс“ отвори маркет во Бајмок  |  Тони Балажич преминува во „Панвита“  |  Во „Амазон“ работат 120.000 роботи  |  Нова фабрика на „Ла линеа верде“ до крајот на годинава  |  Основан е Клуб на извозници  |  „Теско“ претстави вина со понизок процент на алкохол  |  Незначително намалување на цените на храната во ноември  |  „Ист оф Ингланд ко-оп“ ќе продава храна со поминат рок  |  Стопиран увозот на крекери и кекси од Србија и од БИХ  |  Агенцијата „Берин“ одбележа 25 години работење  |  „Конзум“ и хрватските доставувачи со заедничка акција  |  „Бимилк“ прославува 65 години  |  Деловни резултати на „Кофола“  |  „Оркла“ ја купува „Хелт анд спортс нутришн груп“  |  Октомвриски индекси на прометот во секторот трговија  |   ||
   

Македонија/Австрија: Деловни средби за нови партнерства

17.11.2017

За унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија организираа Македонско-австриски деловни средби.

Македонските и австриските компании ги разгледувале можностите за партнерство во производство на фотоволтаици, сирење, машински технологии на форум и на одделни средби во средата. Претставниците на австриските компании имале можност да остварат средби со претставници од повеќе од 45 македонски компании.

Според Ерика Бренем од Австриската стопанска комора, поголемиот дел од присутните австриски компании на форумот првпат се претставиле на македонскиот пазар, а тие што веќе имале инвестиции, расположени се да вложат повторно, но потребни се дополнителни обуки на работната сила во земјава. Таа истакна дека има простор за унапредување на соработката.

Очекуваме нашите компании да ги искористат можностите за високата технологија и трансферот на знаење, кое несомнено треба да го преземат од астриските, изјави Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија.

Според податоците на Стопанската комора, Македонија и Австрија во првите девет месеци од годинава забележале негативен биланс во трговската раземена од 54,3 милиони долари. Вкупната трговска размена од јануари до септември годинава изнесувала 135,9 милиони долари, односно за 5% повеќе во однос на истиот период лани. Извозот во тој период бил 42,6 милиони долари, за 30% повеќе, а увозното салдо 96,9 милиони долари, што е намалување за 9% во споредба со истиот период минатата година.


Назад
 

 
 
 
back to top