IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Белгија: Црква ќе ги враќа верниците со црковно пиво

17.10.2017

Црква во Брисел, која речиси била принудена да ги затвори вратите поради малото учество на верниците во богослужбите, реши да ја искористи белгиската пиварска традиција за обновување на храмот и за враќање на верниците во храмот.

Храмот „Света Катерина" на римокатоличката црква во Брисел лансира свое пиво, во соработка со локалната пиварница „Браселс бир проџект". Станува збор за пиво од стилот овошен pale ale, брендирано со името на црквата, на начинот како што го изговараат луѓето од локалното население: „Сте Кат" (Ste Kat').

Како што информира свештеникот Џереми Шауба, кој и самиот учествувал во приготвувањето на пивото, успеале да создадат пиво „полно живот", слично на белгиските манастирски пива, но со поистакнат вкус на егзотично овошје, со кое ќе се обидат да привлечат поголемо внимание кон храмот.

Приходите од продажбата, како што појаснува, ќе бидат употребени за реновирање на готската фасада на црквата, од 19 век, која градските власти скале да ја урнат, за да изградат трговски центар и станбена населба

Пивото ќе се продава преку црковната продавница, а ќе се дистрибуира и во рестораните и во кафулињата во непосрдното опкружување на црквата. За почеток пиварницата произвела 50.000 шишиња црковно пиво.

 


Назад
 

 
 
 
back to top