IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Хрватска: Cockta го врати првичниот изглед

06.03.2018
По повод 65-годишнината од создавањето на легендарниот пијалак, „Атлантик група" реши да се врати на корените на Cockta.
Легендарниот пијалак од некогашните југословенски простори - Cockta се појави со нов изглед на шишињата. Наместо препознатливата црвена боја и ниските „дебелкави" стаклени шишиња, пијалакот се продава и во шишиња на кои преовладува сината боја, додека името и натаму останува во жолта боја.

Инспирација за новиот изглед на пијалакот се корените од 1953 година, кога Cockta, по рецепт на хемискиот инженер Емерик Зелинк, првпат била претставена во јавноста. При првата промоција на пијалакот пред 65 години била застапена токму сината боја.

Со новиот дизајн доаѓа и слоганот „Твоја Cockta, твоја работа", за кој се вели дека е наменет за сите што живеат „по свое" и храбро му покажуваат на светот кои се и што се.



Назад
 
 
 
 
back to top