IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 22.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Македонија: „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација

11.07.2018
Со цел подигнување на свеста за спортот и за здравиот начин на живеење компанијата „Бимилк" ја промовираше првата „Balans+зона" во Карпош, сочинета од повеќе фитнес-справи.
Во присуство на градоначалникот на Општина Карпош, како и други претставници на општината и голем број спортисти и рекреативци, на настанот беше истакнат значајниот придонес на „Бимилк" во поглед на подобрување на нивниот живот преку поддршка на спортот, културата, едукацијата на младите и грижата за сите категории граѓани.

„Оваа т.н. Balans+зона е само уште еден доказ дека главниот фокус на нашата компанија е здравјето, и тоа не само преку обезбедување здрави млечни производи за нашите потрошувачи, туку и преку континуирана поддршка на рекреацијата и спортот, истакна  Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во „Бимилк".

На настанот беа присутни и „Balans+ амбасадорите", спортскиот пар Искра и Жан Тосеви, како и атлетичарот и шампион Кокан Ајановски, кои на присутните граѓани и рекреативци им демонстрираа вежби за баланс и за истегнување, користејќи ги справите. 

Со цел вистинско подигнување на свеста за важноста од редовни физички активности, од компанијата открија дека и градот Битола наскоро ќе добие своја „Balans+зона", а слични рекреативни катчиња најавија и за другите градови во Македонија.



Назад
 
 
 
 
back to top