IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 18.08.2018 || Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |   ||
   

Италија: „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење

12.06.2018

„Барила груп" планира да го зголеми обемот на проектот за одржливост, како дел од инвестицискиот план вреден милијарда долари, кој беше најавен минатата година.

При претставувањето на годинешниот извештај, од „Барила" соопштија дека преку проектот за одржливост, одгледувањето на пченицата минатата година се зголемило за 26%, односно количествата се зголемиле од 190.000 на 240.000 тони.

Во текот на минатата година, групацијата лансирала десет нови производи „Подобро за тебе" со подобри нутритивни карактеристики, вклучувајќи и интегрални производи и житарки. Како што неведуваат, тие производи веќе сочинуваат 8,4% од вкупните приходи на групацијата, а очекувањата се дека до 2030 година ќе достигнат 30% од вредноста на продажбата.

Во погоните на „Барила" потрошувачката на вода е намалена за 31% по произведен тон, а емисијата на јаглероден диоксид – за 24%. Освен тоа, благодарение на новата железничка линија во Парма, 3.300 камиони се повлечени од европските патишта, со што компанијата придонела за намалување на емисијата на штетни гасови.

До 2020 година, од компанијата планираат да го зголемат двојно бројот на фармери што се вклучени во нејзината одржлива земјоделска програма, од 5.000 на 10.000 луѓе, а истовремено и да ја намалат емисијата на јаглероден диоксид за 30% во споредба со 2010 година.

„Барила" ја заокружи минатата година со приходи во висина од 3,46 милијарди евра (+3% во споредба со 2016 година), благодарение на продажбата на тестенини, сосови и готови јадења, кои претставуваат 53,9% од вкупната продажба на групацијата. Пекарските производи сочинуваат 45,6% од продажбата.

По региони, компанијата остварила 45,3% од продажбата во Италија, 31% во Европа и Русија, 19,4% во Америка и 4,3% во Азија, Африка и Австралија.

„Барила" има вкупно 28 производствени погони низ целиот свет, од кои 14 се во Италија.


Назад
 

 
 
 
back to top