IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 18.08.2018 || Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |   ||
   

САД: Argeta веќе се произведува и во САД

17.11.2017

Популарната паштета Argeta, еден од најуспешните брендови на хрватската мултинационална компанија и една од најголемите прехранбени индустрии во регионот, „Атлантик група", од овој месец почна да се произведува и во САД.

Како што соопшти компанијата, по период на интензивни подготовки во градот Харисбург, во Пенсилванија, деновиве почна почна производството на Argeta во САД, во соработка со американската компанија „Брадр енд систер" од Харисбург.

Очекувањата на компанијата од новиот пазар се големи и се очекува продажбата во првата година да достигне три милиони долари.

Нема да претераме ако кажеме дека Argeta е најголемиот бренд паштета во светот, имајќи предвид дека меѓу многубројните брендови гледно одделно, Argeta најмногу се продава. Се решивме на храбра и амбициозна, но добро испланирана и реална стратегија за ширење и надвор од Европа, каде што сме веќе успешно етаблирани. Сега ја отвораме вратата кон американскиот пазар, со голем потенцијал, кој знаеме како да го искористиме, изјави Ензо Смрекар, генерален директор за деликатесни намази во „Атлантик група".

Како што подвлекуваат од компанијата, еден од темелите на успехот се строгите критериуми за доследност во квалитетот на производството. Argeta се произведува исклучиво од квалитетни парчиња месо, со природни зачини, без конзерванси и без адитиви, процедура што е запечатена со меѓународни сертификати за квалитет.

Дистрибуција на првите производи ќе се одвива во текот на овој месец и во декември, на повеќе од две илјади продажни места во САД и во Канада, пропратена со интензивна промотивна кампања на продажните места и на дигиталните медиуми.


Назад
 
 
 
 
back to top