IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 18.02.2018 || „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |  Индекси на прометот во индустријата за декември 2017  |  Вештини на преговарање со трговците  |  Успешно управување со брендот и организација на маркетингот  |  Мотивација и тимска работа во КА-менаџментот  |  Костиќ заинтересиран за дел од „Агрокор“  |  Конференција на „Тинекс“ за најава на новиот логистички центар   |  „Кока-кола ХБЦ“ забележа пораст на волуменската продажба  |  „Метро“ забележа пораст во првиот квартал  |  „Витаминка“ го купи имотот на „Брилијант“ за 7,3 милиони евра   |  Лидер – свој на своето  |  „Бел фуд“ доби одобрение за преземање на „Хугли“  |  „Нестле“ го презеде латиноамериканскиот „Терафертил“  |  Нов закон за јавни набавки - освен цената важен и квалитетот  |  Златен медал за „Попова кула“ во Јапонија  |  „Тиквеш“ ги закрои лозјата  |  „Виолета“ освојува пазари во регионот  |   ||
   

Свет: „Амазон“ го купува „Хол фудс“ за 13,7 милијарди долари

19.06.2017

Трговскиот интернет-гигант „Амазон" ќе го преземе синџирот продавници за здрава храна „Хол фудс" за 13,7 милијарди долари.

„Амазон", кој почна да експериментира со подажбата на прехранбени намирници, ќе го купи овој синџир по цена од 42 долари по акција, јавува ББЦ.

„Хол фудс", основан во 1978 година во Тексас, е прва компанија од тој тип, која е фокусирана на природни и на органски производи. Синџирот располага со 460 локации во САД, Канада и во Велика Британија.

За новата инвестиција на „Амазон", последниот збор ќе го има американската Комисија за хартии од вредност, кoја ќе треба да ја одобри аквизицијата.

Милиони луѓе го обожаваат „Хол фудс" поради фантастичната понуда на природна и органска храна. Синџирот успеа здравата исхрана да ја направи забавна и да ја приближи до сите, вели Џеф Безос, основач на „Амазон".

Засега информации како ќе се одрази оваа аквизиција врз бизнисот на „Хол фудс", но аналитичарите се убедени дека со влегувањето на „Амазон" на пазарот за здрава храна, сè ќе се подигне на сосема ново ниво.


Назад
 

 
 
 
back to top