IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 15.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

САД: „Амазон“ ќе отвори уште шест продавници „Амазон гоу“

28.02.2018

Од „Амазон" најавуваат отворање на уште шест продавници „Амазон гоу" до крајот на годинава, по пилот-продавницата, која беше отворена во јануари годинава.

Град-кандидат за новата „безконтактна" проданица е Лос Анџелес, а одлуката била донесена по успешното работење на продавницата во Сиетл, која била отворена по едногодишно тестирање.

Според оценките на аналитичарите, новиот концепт на продавницата ја наведе индустријата да размисли за иднината на малопродажбата. Можноста за купување на производи без чекање во ред за наплата е ултимативно искуство за купувачите, особено во прехранбениот сектор и секако ќе ги преобликува очекувањата на купувачите.

Технологијата „Само излези" (Just Walk Out) на „Амазон" е резултат на петгодишен развој и долго тестирање, а најавата за отворање на нови објекти, според експертите, не е изненадување. Имајќи го предвид повратот од инвестицијата, извесно е дека трговецот нема да се ограничи само на американскиот пазар, односно се очекува продавници „Амазон гоу" да бидат отворени во урбаните центри низ целиот свет.

Извор: www.lebensmittelzeitung.net


Назад
 
 
 
 
back to top