IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Македонија: Ајварот Perustija – достапен и на домашниот пазар

18.10.2017

Ајварот Perustija, кој се извезува во повеќе од 20 земји низ целиот свет, достапен е и на македонскиот пазар.

Домашниот ајвар, достапен во 5 вкусови – благ, лут и екстра лут црвен, како и зелен и жолт со сенф, се произведува во фабриката „Ларс" во Штип, која 27 години преработува зеленчук. Дарко Нашков, сопственик на штипската компанија, вели дека откако Perustija ги освоила вкусовите на потрошувачите во САД, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Холандија, Германија, Србија, Хрватска, БИХ..., раководството решило да го пласира брендот и пред домашните потрошувачи.

Најголем дел од производството, односно околу 1,5 милиони тегли ајвар годишно, е наменето за извоз. Нашите традиционални странски партнери бараат висококвалитетни производи, деликатеси каков што впрочем е и ајварот, при што условот беше тие да бидат без додатоци и без конзерванси, објаснува тој, и додава дека годишниот извоз на Perustija ја надминува вредноста од 6 милиони евра. Проблем со набавка на суровина нема, вели Нашков – еден од ретките земјоделски производи, чиешто производство и откуп се зголемуваат од година во година, е токму црвената пиперка.

Целта на „Ларс" е да не бидат запоставени ниту домашните потрошувачи – затоа од годинава, Perustija е присутен во речиси сите поголеми трговски синџири во земјава. Нашков најавува дека наскоро, брендот ќе биде проширен со охридско макало и со природни сокови (без шеќер и без никакви додатоци).

Во иднина планираме да го зголемуваме уделот на брендирани производи во портфолиото, односно да го намалуваме уделот на класичните производи – пиперки, корнишони и цвекло, кои се продаваат по берзанска, ниска цена и за кои имаме огромна конкуренција од цел свет, заклучува Нашков.


Назад
 

 
 
 
back to top