IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 13.12.2017 || „Марс“ е малцински сопственик на „Кајнд“  |  Аqua Viva со две глобални признанија  |  АХВ: Не се увезени небезбедни производи на „Лакталис“  |  „Хајнекен“ гради фабрика од 85 милиони евра  |  Храната за доенчиња Celia Expert 2 повлечена од пазарот  |  „Гомекс“ отвори маркет во Бајмок  |  Тони Балажич преминува во „Панвита“  |  Во „Амазон“ работат 120.000 роботи  |  Нова фабрика на „Ла линеа верде“ до крајот на годинава  |  Основан е Клуб на извозници  |  „Теско“ претстави вина со понизок процент на алкохол  |  Незначително намалување на цените на храната во ноември  |  „Ист оф Ингланд ко-оп“ ќе продава храна со поминат рок  |  Стопиран увозот на крекери и кекси од Србија и од БИХ  |  Агенцијата „Берин“ одбележа 25 години работење  |  „Конзум“ и хрватските доставувачи со заедничка акција  |  „Бимилк“ прославува 65 години  |  Деловни резултати на „Кофола“  |  „Оркла“ ја купува „Хелт анд спортс нутришн груп“  |  Октомвриски индекси на прометот во секторот трговија  |   ||
   

Македонија: Агенцијата „Берин“ одбележа 25 години работење

06.12.2017

Агенција за интелектуална сопственост „Берин" од Скопје прослави 25 години од работењето со свеченост за вработените, колегите и гости од домашните и меѓународните институции со кои соработуваат.

 

За 25-те години работење, за резултатите што ги постигнале и за предизвиците за годините што им претстојат говореше основачнот на „Берин", проф. д-р Ѓорѓи Филипов.

Во „Берин" - Македонија денес работат 11 вработени и 15 соработници, а во „берин Интернационал" во Виена - двајца. Имавме пионерска улога, како фирма застапник која ги подготви првите меѓународни пријави од самостојна Република Македонија, по сите елементи на идустриска сопственост. Досега сме пријавиле 3.544 патенти и 4.235 трговски марки и индустриски дизајни, подвлече Филипов.

Во своето работење, агенцијата поднесла национални пријави во 32 земји, 54 меѓународни и регионални пријави, а што се однесува на трговските марки и индустрискиот дизајн, вкупно  4.235 пријави.

Ако прашате што работиме сега, ќе ви одговориме дека дејствуваме во насока на релизизација на нашата визија за следните пет години на прославата на 30 години Берин, да соопштиме дека фирмата остварува најмалку 6 мил. евра годишен вкупен приход , со 25 вработени, со евентуално два нови офиса во Европа и еден во Азија, односно, Кина, порача Филипов.

На свеченоста присуствуваа гости од Патентна писарна од Љубљана, од Агенцијата „Бенатов и партнери" од Софија, од Државниот завод за индустриска сопственост и претставници на македонскиот Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања и на Националната асоцијација на пронајувачи.


Назад
 

 
 
 
back to top