IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 11.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија: АХВ: Не се увезени небезбедни производи на „Лакталис“

12.12.2017

Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено известување дека на македонскиот пазар биле пласирани небезбедно млеко и млечни производи од компанијата „Лакталис", по предупредувањето од француската влада дека постои опасност дека се заразени од салмонела.

Како што соопшти Агенцијата, до нив преку системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на Европската унија до сега не стигнало предупредување за таква опасност.

Од Агенцијата известуваат дека од почетокот на годинава досега во Македонија биле увезени 103,4 тони млеко и млечни производи на „Лакталис" со потекло од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и од Германија. Од објектите за производство на „Лакталис" во Франција годинава биле увезени 2,4 тони топено сирење.

Увезените производи ги поминале контролите на официјалните ветеринари на Агаенцијата во текот на увозот, при истовар и при пуштањето во промет. Во текот на ноември биле испитани мостри од сирење, производ на компанијата од фабриката во Србија, при што не било утврдено присуство на салмонела.

Инспекциските служби на Агенцијата во моментов вршат контрола кај компанијата што ги увезува производите на „Лакталис" во Република Македонија. Од Агенцијата укажуваат дека институцијата ја следи состојбата и дека навремено ќе реагираат со соодветни мерки, ако се јави потреба.


Назад
 
 
 
 
back to top