IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 17.11.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Свет: „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари

21.11.2017

Трговскиот е-гигант „Алибаба" објави дека ќе инвестира  2,87 милијари американски долари за да се стекне со значителен удел во најголемиот кинески трговски синџир „Сан арт ритеил груп".

Тоа е дел од стратегијата на трговската интернет-компанија за влез во традиционалниот малопродажен пазар, објави ЦНБЦ.

„Сан арт ритеил" има мрежа од 400 продавници, кои работат под брендот „Ошан" и „РТ-март" во Кина.

Како дел од договорот, француската „Ошан ритеил СА" ќе го зголеми уделот во „Сан арт ритеил", а „Алибаба" ќе купи акции на тајванската „Руентекс", се наведува во соопштението.

Со договорот „Ошан", „Алибаба" и „Руентекс" ќе имаат по 36,18%, 36,16% и 4,67% од акциите на „Сан арт".„Алибаба" ќе го замени „Руентекс" како втор најголем акционер.


Назад
 
 
 
 
back to top