IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Европа: „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“

20.02.2018

Сестринските компании „Алди норд" и „Алди зид", кои од 1961 година работат одвоено, размислуваат за поблиска соработка при набавката и при оперативната организација.

Правното здружување на одделенијата за набавка на овие два синџира, со кое процесите на гаранција на квалитетот, маркетингот, логистиката и општествената одговорност би биле обединети, било предложено кон крајот на минатата година. Според протоколот, дополнителните модуси за соработка се возможни, но и двете страни ја исклучуваат можноста за повторно здружување во еден дисконтен синџир.

Аналитичарите оценуваат дека меѓу двата синџира, отсекогаш постоела неформална соработка, особено во сегментот набавка. Нивната потреба за поцврсто здружување во овој момент, е последица од конкурентската предност што ја оствари дисконтниот синџир „Лидл". Анализирајќи ги деловните резултати, „Алди норд" заостанува зад „Лидл" на пазарите надвор од Германија, додека „Алди зид" успеа да се избори со дисконтерот на речиси сите пазари.

Извор: www.lebensmittelzeitung.net


Назад
 
 
 
 
back to top