IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Хрватска: „Томи“ стана сопственик на „Бобис“

07.03.2018
Точно три години од влегувањето во сопственичката структура, Томислав Мамиќ, сопственик на „Томи", ја презеде пекарницата „Бобис".

Уделите се купени од досегашните косопственици Јошка и Јасминка Свагуша, така што Маниќ сега е стопроцентен сопственик на пекарницата. Иако не се знае за која вредност станува збор, познато е дека продажбата е иницирана од досегашните сопственици.

Не бевме задоволни од динамиката на порастот и развојот на „Бобис", бидејќи сметаме дека не се оптимално искористени можностите и потенцијалите што ги понуди стратешкото партнерство со компанијата „Томи", изјави Томислав Маниќ, сопственик на „Томи".

Според неофицијални информации, во 2015 година „Томи" влегува во сопственичката структура на пекарницата вложувајќи три милиони евра. Оттогаш „Бобис" бележи пораст и силно зајакнување на брендот, но и зголемување на приходите за речиси 50%. Покрај тоа, значаен чекор е направен и во стабилизацијата на квалитетот на производите, како и во проширувањето на асортиманот и продажната мрежа.

Според Маниќ и досега е направено многу во развојот на пекарницата, но со преземањето најавува нови планови и очекувања во иднина. Еден од нив е редефинирање на проектот за изградба на новиот производствен погон, со поголем капацитет и технолошка опременост според најмодерните стандарди. Маниќ најави инвестиција од 10 милиони евра за поттикнување на производството на пекарските и слаткарските производи, но и ширење на малопродажната мрежа. 



Назад
 
 
 
 
back to top