Регион

„Амазон“ закупи уште два интернет-домени во БиХ

15 ное 2019

„Амазон“, најголемата светска компанија за продажба преку интернет, закупи уште два интернет-домени во Босна и Херцеговина. 

Тоа се домените amz.ba и amzn.ba. Освен тоа, „Амазон“ е сопственик и на доменот amazon.ba, кој претходно беше закупен директно од седиштето на компанијата во Сиетл, САД.

Според босанските медиуми, ова е уште еден показател дека американскиот гигант сериозно се подготвува да влезе на босанскиот пазар. 

Пред неколку месеци, и медиумите во Хрватска објавија дека претставници на „Амазон“ биле во Хрватска и ја разгледувале можноста да влезат на пазарот во регионот. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...