Регион

„Кауфланд“ во Хрватска ги укинува пластичните кеси

05 ное 2019

Со цел да придонесе кон намалување на пластиката во животната средина, „Кауфланд“-Хрватска донесе одлука за целосно повлекување на лесните пластични кеси од продажба во сите свои продавници во Хрватска. 

Според Правилникот за амбалажа и амбалажен отпад, лесни пластични кеси се пластични кеси за носење со дебелина помала од 50 микрони, а во „Кауфланд“ такви кеси сега можат да се купат на касите по цена од 1 куна.

Овие пластични кеси од 1 јануари следната година во овој синџир нема да бидат достапни. Купувачите ќе можат да изберат неколку други опции, како што се хартиени или платнени торби. Горди сме што сме првиот трговски синџир во Хрватска кој одлучи да направи нешто за почиста и поздрава околина, соопштија од „Кауфланд“. 

Освен пластичните кеси, „Кауфланд“ ќе го повлече и еднократниот пластичен прибор за јадење и ќе го замени со алтернативни решенија.