Регион

Продолжува извозот на хрватски производи преку „Шпар“

04 окт 2019

Во првата половина од 2019 година големи, средни и мали хрватски производители преку „Шпар“ извезле производи во вредност од 35,03 милиони евра и тоа во Австрија, Унгарија, Словенија и Италија.

Најголем пораст на извозот е забележан во Австрија, потоа во Италија, а извозот порасна за дури 165% во споредба со истиот период минатата година.

„Шпар“ - Хрватска продолжува да им дава поддршка на хрватските доставувачи и да им ја отвора вратата за извоз во сите земји каде што работи нашата групација. Особено нè радува што бројот и количеството на хрватски производи што се извезуваат во продажната мрежа на „Шпар“ се во континуиран пораст, истакна Хелмут Фензл, претседател на управата на „Шпар“ - Хрватска.

Двоен пораст на извозот на словенечкиот пазар оствари „Кромарис“, додека „Писиниум“ го зголеми извозот на овој пазар за 74%. Со добри резултати, благодарение на „Шпар“, може да се пофали и „Виндија“, чиј извоз во Словенија се зголеми за 19%.