Регион

„Конзум“ годинава ќе отвори 15 продавници во БиХ

23 јул 2019

„Конзум“ отвори две нови продавници во Кнешпоље и во Неум, со што го продолжи ширењето на малопродажната мрежа во Босна и Херцеговина (БиХ). 

Со тоа, синџирот маркети во БиХ сега брои 160 продавници, а најави дека ќе отвори уште 15 нови продажни објекти до крајот на годинава. 

Објектите веќе ги подготвуваме и дури четири од нив ќе бидат отворени наредната седмица. Тоа не е крај, продолжуваме и натаму да ја шириме мрежата, соопштија од „Конзум“. 

Некои од овие продавници ќе бидат во делови од земјата во кои синџирот маркети досега воопшто не бил присутен. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...