Регион

„Карлсберг“ покрена кампања за зачувување на симболот на Србија

19 јул 2019

„Lav“ пиво, најпопуларниот домашен бренд на компанијата „Карлсберг Србија“  покрена кампања наречена „Лавовски за орлите“ со цел да се обнови бројноста на царските орли во Србија

Кампањата е во соработка со тамошното Министерство за животна средина и Друштвото за заштита и проучување на птиците. 

По еден динар од секое продадено 0,5 литри шише „Lav" пиво ќе биде наменет за обнова на живеалиштата на овие птици, иако се наоѓаат на официјалниот државен симбол, грбот на Србија, во природата се на раб на опстанок.

Царскиот орел низ целата историја на Србија беше нејзин симбол. Решивме да направиме нешто за спас на овој загрозен вид. Благодарејќи на блискоста меѓу љубителите на пиво и нашите брендови, сметаме дека пивото „Lav“ е одличен канал за во битката за зачувување на природните богатства ги вклучиме и нашите потрошувачи. Целта е царските орли во Србија да имаат живеалишта што одговараат на нивните потреби, изјави Владимир Вава, генерален директор на „Карлсберг Србија“. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...