Регион

Роботи во дистрибутивниот центар на „Атлантик група“

12 јул 2019

Хрватската компанија за роботика, „Гидеон Брадрс“ покрена заеднички проект со „Атлантик група“, една од водечките прехранбени компании и дистрибутери на стока за широка потрошувачка во регионот. 

Во склоп на проектот, „Атлантик група“ во новиот логистичко - дистрибутивен центар во Велика Горица ќе ги вклучи роботите на „Гидеон Брадрс“, така што ќе ги интегрира во склоп на управувањето со складиштето. 

Складишните операции на „Атлантик група“ се целосно дигитализрани, без употреба на хартија. Дигитално се управува со влезот, залихите и излезот на производите, како и со возилата. 

Роботите, кои имаат носивост од по 800 килограми, ќе донесат дополнителни подобрувања во веќе оптимизираниот начин на работа. Во текот на пилот проектот, роботите ќе бидат тестирани така што ќе одат од една до друга локација, односно од лице до лице задолжено за одреден дел од магацинот, користејќи го најоптималниот пат.

Тоа е напредна технологија во која ние гледаме бројни предности. Првата е, зголемување на ефикасноста во работењето. Втора е ублажување на проблемот со недостаток на работна сила, кој се чувствува и во дистрибуцијата. Ние овде одиме против ставот дека работите им ја земаат работата на работниците. Станува збор за соработка меѓу роботите и луѓето, каде роботите ги преземаат повторувачките задачи и им овозможуваат на луѓето да се фокусираат на креативната работа и на надзорот. Претходните генерации роботи, какви што веќе „Атлантик група“ има на разни локации, не овозможуваа ваква соработка и често поставуваме заштитна ограда околу нив за да ја осигураме сигурноста на работниците. Веруваме во оваа технологија и веруваме дека таа ќе постигне глобален успех, изјави Младен Пејковиќ, извршен директор за трансформација и информациски технологии во „Атлантик група“.