Регион

„Фрукта Трејд“ отвори нов логистички центар

09 јул 2019

Компанијата „Фрукта Трејд“ отвори нов логистички центар и нова управна зграда во индустриската зона во Дервента, Република Српска. 

Логистичкиот центар е круна на 25-годишното работење на оваа компанија. Со проширувањето на капацитетите, отворена е можноста и за нови вработувања. 

Логистичкиот центар е 10.000 квадратни метри, а управната зграда е 1.800 квадратни метри. Желбата ни е нашите маркети да имаат подобро снабдување, нашите купувачи да добијат подобра услуга и нашите вработени да имаат подобри услови за работа. Во логистичкиот центар ќе се вработат нови 50 работници, а се надеваме дека и во иднина ќе ги шириме капацитетите, изјави Душан Рејлиќ, директор на „Фрукта Трејд“.

Компанијата има 1.200 вработени и работи во 41 објект од Зворник до Цазин. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...