Регион

„Шпар“ им го отвора патот на хрватските компании

10 јун 2019

Висока делегација на претставници од „Шпар“ - Кина ги посети хипермаркетите „Шпар“ во Загреб, Риека и Задар. Тие ја посетија и најголемата инвестиција на „Шпар“ во Хрватска, „Интершпар“ во повеќе градови.

Многу сме среќни и горди што колеги од Кина дојдоа да ги посетат хипермаркетите „Интершпар“ и да се запознаат со нивната богата понуда. На овој начин им се овозможува и на нашите партнери, хрватските производители, да ги претстават своите производи, истакна Хелмут Фензл, претседател на Управата на „Шпар“ - Хрватска.

Посетата е искористена и за промоција на хрватските компании што имаат потенцијал на кинескиот пазар, така што компаниите: „Виндија“, „Краш“, „Гавриловиќ“, „Зиганте“, „Дукат“, „Подравка“, „Атлантик група“, „Бадел“ и „Жито група“ ги претставија своите производи пред кинеската делегација.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...