Регион

Уште еден сертификат за безбедноста на храната во „Метро“

10 јун 2019

Компанијата „Метро“ 9-ти пат по ред беше успешно сертифицирана според ИФС „Кеш & кери“ стандард што припаѓа на групата ГФСИ највисоки стандарди за безбедност на храната. 

Со сертификацијата беше опфатена дирекцијата на компанијата „Метро кеш & кери Србија“ и сите девет малопродажни објекти. 

Применувајќи го овој стандард, „Метро“ дава гаранција за највисок квалутет на своите прехранбени производи, со посебен осврт на безбедноста на свежото месо како и на многу чувствителните и микробиолошки расипливи намирници, соопштија од компанијата. 

Како што објаснија од „Метро“, кај ИФС „Кеш & кери“ стандардот во прашање се барања за воспоставување мерки со кои би се спречиле намерни обиди за контаминација на прехранбени производи, неовластено присуство на производи и луѓе, измами со храна, биотероризам и вандализам на инфраструктирни делови и опрема кои можат да влијаат врз безбедноста на храната.