Регион

„Краш“ ќе исплаќа дивиденда

15 апр 2019

Хрватски „Краш“ минатата година оствари вкупно приходи од 886,6 милиони куни, што е за 0,6 отсто помалку отколку во 2017 година. 

Вкупните расходи се намалени за 2,8 отсто, на 813,2 милиони куни. 

Компанијата ќе им исплати дивиденда на акционерите, од минатогодишната добивка, по 10 куни за акција. 

Исто така, се предлага исплата на членовите на Управата и на работниците со посебни овластувања и одговорности врз основа на остварените резултати од работата на компанијата. 

Нето добивката на „Краш“, пак, порасна за 66,8 отсто и изнесува 40,2 милиони куни.