Регион

„Лидл“ ќе ги наградува купувачите кои ќе учествуваат во онлајн анкета

10 апр 2019

„Лидл“ во Хрватска воведува онлајн анкетирање на купувачите, при што им дава можност да се изјаснат за услугите на трговскиот синџир. 

Со тоа на потрошувачите им се отвара дополнителен комуникациски канал со „Лидл“, а компанијата добива брзи, директни и целно насочени информации за одреден маркет. Учеството во анкетата ќе им се исплати на купувачите, бидејќи секој месец по тројца најсреќни од нив ќе бидат наградени со подарок - картички од 500, 200 и 100 куни. 

Прашањата во онлајн анкетата се однесуваат на задоволството при купувањето, на чистотата на маркетот или на презентацијата и достапноста на одредени производи.

Сакаме да постигнеме уште поквалитетна размена на информации со нашите купувачи. Тоа сега го правиме преку нашата служба за купувачи и преку социјалните мрежи. Но, сметаме дека со помош на онлајн анкета уште попрецизно можеме да утврдиме што да подобриме во маркетите, соопштија од „Лидл“ во Хрватска. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...