Регион

Во Србија ќе се продаваат само јајца од А - класа

15 фев 2019

Министерството за земјоделство на Србија усвои нов правилник за производство и промет на јајца. Во продажба ќе бидат само јајцата од А-класа.

А-класа значи дека јајцата се свежи и во иднина само таа класа ќе биде во малопродажба. Исто така, во понудата ќе има и јајца со исклучителна свежина стари најмногу до 10 дена како и екстра свежи јајца, стари до четири дена, изјави Тамара Бошковиќ од Управата за ветерина на Србија.

Јајца од Б-класа нема да се продаваат, туку ќе се пренасочуваат во индустриско производство, односно во кондиторската индустрија или ќе се користат како храна за животните.

Класификацијата ќе остане иста, од јајца со S–големина кои имаат помалку од 53 грама до јајца со XL-големина кои имаат повеќе од 73 грама.

Новиот Правилник кој стапи на сила вчера е воведен за стандардите во Србија да се услогласат со правилата во регионот што се на сила веќе 10 години.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...