Регион

Соработка меѓу „Делез“ и „еЛог“ во сегментот месо

14 фев 2019

„Делез“ - Србија и „еЛог“ потпишаа договор за соработка преку обединет систем за повеќекратна амбалажа.

„ЕЛог“ е провајдер на решенијата Retail Ready Packaging за компанијата „Делез“- Србија во сегментот месо, приспособени на потребите за ефикасно логистичко управување со дистрибуцијата, се наведува во соопштението од компанијата „еЛог“.

„Делез“ - Србија е членка на меѓународниот трговски синџир „Ахолд Делез“ кој работи на три континенти. Во Србија, во „Делез“ се вработени 12.200 соработници. Од доаѓањето во Србија во 2011 година компанијата „Делез“ интензивно работи на проширување на асортиманот, постојано подигнување на квалитетот на услугата, унапредување на рецептурата и дизајнот. Во исто време, применува решенија кои се еколошки и кои ги намалуваат негативните влијанија во околината.

Како што соопштуваат од компанијата „еЛог“, соработката со „Делез“ - Србија е логичен след на деловната стратегија на овој трговски синџир, кој на своите потрошувачи им гарантира секојдневна свежина и квалитет на производите.

„ЕЛог“ е водечкиот оператор за системот pooling во Јадранскиот Регион. Системот претставува заедничко дејствување во кое учествуваат трговскиот синџир, неговите доставувачи и pooler. Со овој систем се обединуваат сите учесници преку процесот на унифицирање на амбаажата и намалување на оперативните трошоци.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...