Регион

„Лидл“ отвора продавници во 11 градови

03 окт 2018
„Лидл" ќе отвори 16 продавници во 12 градови ширум Србија. Сите ќе бидат отворени истовремено, во 8 часот на 11-ти октомври. 
 
Граѓаните на Белград, Бор, Зрењанин, Крагуевац, Лесковац, Ниш, Нови Сад, Смедерево, Сомбор, Суботица, Ужице и Шабац први ќе имаат прилика да се уверат во единственото искуство на купување што го носи првиот современ дисконт во Србија, соопштија од „Лидл". 
 
Компанијата најави дека ќе ја шири малопродажната мрежа, па од ноември ќе отвори продавници и во други градови на Србија. 

„Лидл" на потрошувачите во Србија им подготви асортиман од 1.500 производи, меѓу кои се и сопствени брендови, но и производи од домашни добавувачи, мали домашни апарати, текстил, играчки, алати, опрема за градинарство...


.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...