Македонија

Почнува есенската WOW распродажба во „Веро центар“

04 ное 2019

Почнува есенската распродажба во продавниците во „Веро центар“ во Скопје со попусти до 80 отсто, соопштија од компанијата.

Речиси сите продавници во „Веро центар“, вклучувајќи го и „Веро“ маркетот, од 6 до 10 ноември (од среда до недела) на потрошувачите ќе им понудат производи со цени многу пониски од редовните. Освен во сите продавници лоцирани во шопинг-молот, намалени цени ќе има и во местото за забава „Киносенс“ на вториот кат од „Веро центар“.

 Како дел од WOW распродажбата, „Веро“ маркетот ќе нуди и специјални акции и промоции.  

Големата WOW распродажба ја организираме по четврти пат бидејќи искуството од минатите години е многу позитивно. Потрошувачите со нетрпение ги очекуваат ваквите распродажби кои веќе станаа традиционален, препознатлив настан за „Веро центар“ и на кои може да најдат одлични производи од најразличен асортиман по неверојатно ниски цени. Дополнителен плус е што големи попусти нудат и останатите локали  кои се во делот за храна и за забава, така што потрошувачите добиваат комплетно, незаборавно шопинг-искуство за целото семејство, вели Љубица Короскоска, маркетинг директор на компанијата „Веропулос“. 

Менаџерскиот тим на Веро центар најавува организирање на слични акциски распродажби и во следниот период. Акцентот на овие настани, освен на понудата на најдобри цени, е ставен и на различни изненадувања наменети за сите членови на семејството.