Македонија

Бизнисмените ќе можат онлајн да ѝ се пожалат на Владата

11 сеп 2019

Владата апелираше до компаниите да аплицираат за мерките за поддршка на инвестициите и за субвенционирање на платите, а бизнисмените се пожалија на административните пречки што им оневозможуваат да работат.

Вака помина средбата во Стопанската комора на Македонија, на која вицепремиерот Кочо Анѓушев дојде да ги каже последните мерки за поттикнување на конкурентноста а излезе со ветување дека ќе организира канцеларија во која бизнисмените ќе можат онлајн да ги кажат проблемите и да бараат Владата да реагира.

Бавност на администрацијата, царинските процедури, долгт период на носење на законите, се само дел од проблемите кои ги посочија претставници на компаниите.  

Во производството не смее да има чекање и доцнење повеќе од седум дена. Во ред е ова што го прави Владата за да ни помогне, но има многу проблеми што не се решени. И да земеме поддршка од државата, како ќе ја искористиме кога се соочуваме со вакви тешкотии, рече Мирослав Ѓоргиовски од „Геопром“.

Имаше забелешки и за доцнењето на регулативата во земјоделството, за Законот за пасишта, кој оневозможува долгорочно планирање на инвестиции, а Анѓушев слушна и дека добро е да е субвенционира секундарното производство во земјоделството. 

Според анализата направена од Владата, 4.000 компании се квалификувани да аплицираат за државна поддршка за инвестиции.За мерката субвенционирано зголемување на плати, можат да аплицираат компаниите кои редовно исплаќаат плати. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...