Македонија

Во август пораснаа цените на мало и трошоците за живот

10 сеп 2019

Индексот на трошоците на животот во август 2019 година бележи пораст за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец, како и зголемување од 0,8 отсто во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС). 

Индексот на цените на мало минатиот месец се зголемил за 0,2 отсто во споредба со јули 2019 година, но останал на истото ниво во однос на ланскиот август. Пораст има кај свежиот и разладениот зеленчук за 6,4 отсто, маслото за 1,6 отсто, свежото и разладеното овошје, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7 отсто, месото за 0,6 отсто, рибата и морските плодови за 0,5 отсто, лебот и житата за 0,4 отсто, јогуртот за 0,3 отсто...

Млекото и други прехранбени производи поскапеле 0.2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот, во споредба со претходниот месец, е забележано кај минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,1 отсто, јаjцата за 0,4 отсто, сувото овошје и јаткастите производи и безалкохолните пијалаци за 0,3 отсто.