Македонија

„Витаминка“ го зголеми приходот за 20 отсто во првата половина од 2019 година

12 авг 2019

Во периодот јануари–јуни 2019 година, „Витаминка” АД Прилеп оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех.

Остварените единечни вкупни приходи во овој период изнесуваат 1.142.553 илјади денари и во споредба со остварените во 2018 година за истиот период бележат пораст од 20 отсто. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98 отсто, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 20 отсто.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари- јуни 2019 година изнесуваат 1.085.931 илјади денари и во споредба со остварените во 2018 година бележат раст од 16 отсто. 

Вкупните инвестиции во основни средства во 2019 година за извештајниот период изнесуваат 156.245 илјади денари.

Вкупните единечни обврски по кредити на 30.06.2019 година изнесуваат 817.632 илјади денари и во споредба со состојбата на 30.06.2018 година бележат намалување 14 отсто.