Македонија

Македонските компании можат бесплатно да се претстават во Полска

18 јун 2019

Македонските компании ќе може да се претстават пред бизнис заедницата во Полска.

На 4 јули, на Самитот на Западен Балкан во Познањ, за прв пат во исто време ќе се одржи и Бизнис форум со 16 земји, соопштија претставници од Полската агенција за инвестиции и трговија на денешната прес конференција во Стопанската комора на Македонија. 

Форумот под мотото „Растеме заедно“  е одлична можност за компаниите од Западен Балкан, посебно за фирмите од Северна Макеоднија, истакна Кристоф Прзилуцки, шефот на канцеларијата на Полската агенција за инвестиции и трговија на Софија.

Ги покануваме сите компании да земат учество на овој Бизнис Форум. Оваа ќе биде одлична можност за фирмите да се сретнат со бинис заедницата на Полска. Учеството на форумот е бесплатно, слободно ќе може да се претставите со вашите материјали или  видеа, рече Прзилуцки.

Според Камил Хишка, координаторот на Бизнис форумот, овој настан е прв чекор за соработка помеѓу Полска и Македонија. Темите на кои ќе се разговара се разделени во три сектори:  Дигитализација и ИТ, земјоделство и прехрамбена индустрија и енергиј



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...