Македонија

Дарко Кнез: Македонија ќе остане еден од најважните пазари

13 јун 2019

Денеска на „Баделовите средби“ компанијата „Бадел 1862“ ги промовиаше ребрендираните производи вотката Vigor и Sax Gin и нивните екстензии со по уште два нови вкуса: Vigor citrus и wild berry и Sax Gin pink и citrus.

Дарко Кнез сопственик и претседател на Управниот одбор на „Бадел 1862“ порача дека Македонија ќе остане еден од најважните пазари за компанијата.

Во Македонија „Бадел 1862“ отсекогаш бил стабилен. Ние како сопственици сме благодарни што компанијата овде секогаш одржува и развива добри односи со сите. Тука купуваме и суровини, веќе знаете дека смреката е македонска. Имаме две клучни цели - и понатаму да бидеме добар партнер во Македонија и втората, да ви бидеме добри домаќини денеска, рече Кнез на свеченоста во Крушево, каде по 23. пат се одржуваат овие средби.