Македонија

Трговските претпријатија се меѓу најголемите учесници во стоковната размена

12 јун 2019

Претпријатијата од трговијата и од индустријата ја реализираат најголемиот дел од вкупната стоковна размена на земјава со странство.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2017 година 90,4 отсто од вкупната стоковна размена е направена во овие два сектора. Суфицитот во размената на стоки е генериран главно од претпријатијата што му припаѓаат на секторот индустрија, а дефицитот од претпријатијата што припаѓаат на секторот трговија. Околу половина од вкупната вредност на извозот и на увозот е концентрирана во првите 50 претпријатија. На страната на извозот, кај претпријатијата што се јавуваат како извозник и увозник истовремено, највисока вредност на извозот е реализирана од претпријатијата од секторот индустрија 88,4 отсто од вкупниот извоз. На страната на увозот се забележува истата појава, односно 53,3 отсто од вкупниот увоз е реализиран од претпријатијата од секторот индустрија што се јавуваат како увозник и извозник истовремено.

На страната на извозот, микропретпријатијата имаат најголемо учество во структурата според бројот на претпријатија 51,6 отсто, а во создавањето на вкупната вредност во секторот трговија учествуваат со 34,9 отсто. Големите претпријатија, покрај нивното незначително учество од 2,9 отсто во структурата според бројот на претпријатија, во создавањето на вкупната вредност во секторот индустрија учествуваат со 78,7 отсто.На страната на увозот, микропретпријатијата имаат најголемо учество во структурата според бројот на претпријатија 63,1 отсто, а во создавањето на вкупната вредност во секторот трговија учествуваат со 26,3 отсто. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...