Македонија

Македонските вина можат да се промовираат во Хрватска со своите географски називи

10 јун 2019

Македонските вина ќе можат да се промовираат во Хрватска со нивните географски називи, откако беше надминат проблемот кој го предизвикаа одредби од Закон за вино на Хрватска со кои се забрануваше промоција и рекламирање на вината со географско потекло од Македонија.

Најзасегнати од овој проблем беа винарските визби кои извезуваат вино во Хрватска. Ним им беше забрането во било која форма да го рекламираат и промовираат виното со географските називи.

Во разрешување на проблемот биле вклучени и претставници на Европската унија.

Хрватска е втора извозна дестинација за вино во шише од Македонија.

Со брзо надминување на проблемот винарските визби повторно го нормализираа своето работење, односно продажбата на вина на пазарот во Хрватска, пред почетокот на летната туристичка сезона кога има и најголема побарувачка за вино, соопштија од  Министерството за земјоделство.