Македонија

Азески во „Бимилк“: Заедно ќе се избориме со неповолните состојби во млекопроизводството

04 апр 2019

Иницијативите за партнерства со трети страни со цел унапредување на земјоделството, но и предлози за нови политики што ќе придонесат за зголемување на сточниот фонд и преработувачките капацитети биле тема на разговор на денешната средба на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и генералниот директор на млекарницата „Бимилк“, Ѓорѓи Петрушев.

Убеден сум дека со помош на иницијативите на „Бимилк“ и на Групацијата ќе успееме заедно да се избориме со неповолните состојби во млекопроизводството. Големите производни потенцијали на „Млекара Битола“, добриот имиџ и изградената доверба кај македонските потрошувачи се и повеќе од доволен показател за способноста на компанијата да се носи со предизвиците, изјави Азески.

Како дел од можностите за унапредување на соработката беа истакнати и континуираните заеднички заложби за застапување на интересите на пазарот пред надлежните институции и органи, отворањето соработка со трети страни и сродни компании од земјата и регионот, иницијативите за заедничка набавка на суровини и репроматеријали за процесот на производство, приспособувањето кон регулативите на ЕУ итн.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...