Македонија

Скратено работно време и за родителите во „Зур“ и „Дим маркети“

21 мар 2019

Позитивниот пример за применување на 3-месечно скратено работно време на родителите што користеле боледување поради раѓање или мајчинство го поддржаа и „Зур“ и „Дим маркети“.

Како компанија која функционира повеќе од 17 години како Грандпром Зур (Дим) со повеќе од 20 продажни локации на Зур маркети низ територија на Скопје, и со над 270 вработени, од кои околу 210 се жени од различни годишни возрасти сметаат дека вработените се најзначаен фактор за успехот и напредокот на компанијата. Затоа би сакале да им овозможиме подобри услови во работа, изјави Даниел Димовски, маркетинг раководител во „Зур“ маркети.

Акцијата вклучува скратено работно време во траење од 3 месеци за сите кои користеле боледување поради раѓање и мајчинство, а притоа придонесите би им биле исплаќани како за полно работно време. Ова е мерка која на вработените родители ќе овозможи период за прилагодување на работните задачи и усогласување на деловите и обврските како родители.