Македонија

Пораст на трговијата на мало со храна и пијалоци

18 мар 2019
Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на мало, во 2018 година, номинално и реално бележи пораст во групите/класите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, трговија на мало со непрехранбени производи, освен горива и трговија на мало, освен горива.
 
Индикаторите за промет во трговијата го мерат прометот во трговијата на големо и во трговијата на мало, и тоа во форма на номинални и реални (ценовно прилагодени ) индекси, а не во апсолутни износи. Поради тоа, индикаторите служат исклучиво за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот.
 
Податоците што се објавуваат се дефинитивни податоци пресметани врз база на 2015 година (базна година) и во споредба со истиот месец од претходната година. Пресметаните индекси се прилагодени (сезонски и календарски).


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...