Македонија

Нова услуга за бизнисот - сервис деск за развој на деловниот екосистем

13 мар 2019

Стопанската комора на северозападна Македонија промовираше нова услуга - таканаречена сервис деск, дизајнирана и имплементирана со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Како што изјави извршниот директор на Комората, Дрилон Исени, преку сервис – дескот кој е наменет за компаниите-членки, ќе се работи на трите, веќе дефинирани стратегиски приоритети: правна држава, пристап до финансии и поттикнување на претприемништвото.

Преку подобрување на нашите услуги, можеме да им помогнеме на компаниите членки да бидат поконкурентни на домашниот, регионалниот па и европскиот пазар, истакна Исени.

Трите главни столба на сервис дескот ќе бидат: поддршка за пристап до пазарот, правно усогласување на фирмите со законодавството и поддршка на компаниите преку алтернативни начини на финансирање.Дескот на Услуги за членството ќе обезбеди поголема поддршка за стотици компании, вклучувајќи и рурални бизниси кои традиционално се запоставени од организации за поддршка на бизнисот. Преку овој деск, компаниите ќе имаат можност да најдат потенцијални партнери на странските пазари, да закажат состаноци, посети, саеми, да добијат информации за постојните регулативи. Покрај тоа, дескот ќе дава и информации за можностите за финансирање, како што се државните шеми за субвенции, кредити и грантови, како и општи информации потребни за секојдневното работење на компаниите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...