Македонија

„Витаминка“ планира приходи над 50 милиони евра

09 јан 2019

Прилепската компанија „Витаминка“ го усвои планот за работа за 2019 година, според кој планираните вкупни приходи од оперативното работење изнесуваат речиси 52.150.000 евра.

Од нив, 60% е во план да се оствараат на домашниот пазар, а 40% на странски пазари.

Според одборот на директори, предвидувањата во планот се базирани врз основа на: реалните пазарни очекувања, продажните проекции и можностите за пласман на производите на постојните и на новите пазари; зголемувањето на продуктивноста и ефикасноста во искористувањето на сопствените ресурси и потенцијали; како и врз основа на намалувањето на трошоците во одредени сегменти.

И во 2019 година „Витаминка“ продолжува со инвестиции, кои ќе се однесуваат на модернизирање и автоматизирање на техничко-технолошките процеси, зголемување на постојните капацитети, воведување на нови производствени линии, градежна реконструкција и адаптација на производствените хали и магацините.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...