Македонија

Нов „Стокомак“ во Тетово

05 окт 2018

Од средината на септември продажната мрежа на „Стокомак" е побогата за уште еден нов маркет, лоциран на улицата 29 Ноември во Тетово.

Новиот „Стокомак" се протега на вкупна површина од 280 м2, од кои 200 м2 се продажен простор. Асортиманот го сочинуваат голем број производи за широка потрошувачка од домашни и од странски производители. Потрошувачите можат да се услужуваат на три наплатни каси, а персоналот во маркетот го сочинуваат шест вработени.

„Стокомак" е присутен со 39 продажни објекти во Скопје, Куманово, Штип, Тетово, Прилеп и во Кочани.