Македонија

„Витаминка“ кечапот во нова подобрена амбалажа

12 сеп 2018
„Витаминка" кечапот е достапен во нова, подобрена амбалажа. Промената се должи на посветеноста кон постојано унапредување на квалитетот на своите производи, соопштија од компанијата.
 
Во новата амбалажа е применета современа технологија со која се спречува истекување на капките при користење и уште поважно, се гарантира подолго задржување на свежината на вкусот. 
 
При подобрување на дизајнот и корисничката погодност, сега во новата и модерна амбалажа покрај врвниот квалитет, задржан е истиот препознатлив вкус, објави „Витаминка".

Модернизацијата е применета на двата вкуса, благиот и лутиот и за амбалажите од 300 грама, 500 грама и 1000 грама. „Витаминка" кечапот е направен со целосна посветеност и грижа а за квалитетот на основната состојка - доматот, се посветува посебно внимание, со цел на овој производ да му даде особен белег на изворност и единствен вкус.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...